Ставен да лежиш во капсула,
од ходникот ладен - разговор таен,
кошмарот заврши, пеколот почнува.
Можеби братче се заеба, АХА!?
Огласот јасно го прочита, прифати,
твојот профил им одговара.
Немаш ни работа, ниту фамилија,
коцката фрлена, кучешка судбина!
Семоќна нула!
Мрачен талент!
Војник на судбина!
И сега програмата почнува,
вештината твоја беспрекорна,
живот на земја е ебана досада,
баци го крстот, наплати ја сметката.
Апокалипса сега, апокалипса утре,
апокалипса задутре, и цел космос у курац.
Кругот се затвара!
Нула оформена!
Политика и заборав!
Години подоцна, автономија потврдена,
литерарен труп седнат на својот престол.
Околу него, вселенски деца и трогради конкубини,
шири зборови на мудрост, зборови на лудило.
Ако имаш верба во себе, а никој во тебе.
Ако се предаваш, а не се откажуваш.
АКО, АКО, ЕХОООО!!!
The Alberta crushers hold tight to their rank, astral-gazing grindcore, staring down abyssal torment all the while. Bandcamp Album of the Day Mar 31, 2020